Хрватска: Движење и патувања само со пропусници

од Nikola Popovski
314 прегледи

Забраната за патување во други окрузи од местото на живеење или престој е во сила во Хрватска од средата, а оние што сè уште сакаат да патуваат мора да имаат пропусница.

Во вторникот, првиот ден на издавање на пропусници, до 18:00 часот биле поднесени повеќе од 35.000 барања за поминување

Полицајци ќе ги контролираат мерките

Решени се 17.000 барања, а 60 проценти од нив биле одбиени, дознава порталот „Индекс“.

Порталот наведува дека 800 полицајци ќе го контролираат спроведувањето на забраната за патување и дека тие ќе влегуваат во автобусите и ќе проверуваат дали патниците имаат пропусници.

Слични содржини