Хрватска и Бугарија се на германската „црвена“ листа

од Nikola Popovski
567 прегледи

Во неделата, Германија ги вклучи Хрватска и Бугарија во листата на високризични подрачја, така што луѓето кои не се вакцинирани или не го прелажеле Ковид-19, ќе мора да поминат најмалку пет дена во карантин по нивното враќање од тие земји.

Уште три членки на Европската унија (Романија, Литванија и Словенија) веќе се на списокот на германскиот институт „Роберт Кох (РКИ)“ за контрола на болести, пренесува Хина, повикувајќи се на ДПА.

Во Европа расте бројот на заболени и хоспитализирани – на некои места зачудувачки висок, во зависност од државата, а времето станува се поладно, а во некои области има доцнење со вакцинацијата.

Десет дена карантин

Германија прогласи околу 70 земји за високоризични.

Лицата кои не го прелажеле коронавирус или не биле целосно вакцинирани по враќањето во Германија, мора да бидат ставени во карантин 10 дена.

Овој период може да се скрати ако лицето е негативно на тестот по пет дена.

Покрај Хрватска и Бугарија, на списокот во неделата беа додадени и Камерун, Сингапур и Конго.

Кенија, Косово, Ирак и Хондурас се отстранети од списокот.

Слични содржини