Хрватска ја погоди уште еден силен земјотрес, почуствуван и во БиХ и Србија

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави за нов земјотрес чиј епицентар е на околу 14 километри од Сисак, во округот Сисак-Мославина, кој беше силно погоден по земјотресот во Петриња.

Јачината на земјотресот беше 4,5 степени според Рихтеровата скала, и на длабочина од 10 километри.

Жителите на Хрватска велат дека го почувствувале земјотресот многу кратко, но дека тој бил доста силен во Сисак. На веб-страницата на ЕМСЦ, тие наведуваат дека тоа траело неколку секунди.

Земјотресот е почуствуван и во БиХ и во Србија.

Слични содржини