Хрватска ќе прима туристи вакцинирани со кинески и руски вакцини

од Stefanija Kuzmanovska
149 прегледи

Патниците кои примиле две дози вакцина, без оглед дали биле одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), од утре ќе можат да ја преминуваат хрватската граница, дознава неофицијално „Јутарњи лист“.

Секој со сертификат за вакцинација ќе може да ја премине границата без негативен ПЦР тест, без оглед дали примил AstraZeneca, Pfizer, Moderna, Sputnik или кинеска вакцина.

Сепак, одлуката ќе биде предмет на промена доколку Европската унија поинаку ги третира вакцините кои не се одобрени на Стариот континент.

Исто така, Одлуката за граници, што ќе ја презентира денес Националниот штаб на Хрватска, ќе вклучува можност за преминување на границата со брз тест за антитела, но само оној што е потврден и одобрен од ЕМА.

Лицата кои биле изложени на коронавирус најмногу шест месеци и доколку имаат негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, исто така ќе можат да ја преминат границата без карантин. Деца на возраст под седум години сè уште можат да ја преминат границата без ограничувања.

Пред Хрватска, Грција ја објави одлуката дека преку граница ќе ги пушта лицата кои биле вакцинирани со Спутник и кинески вакцини.

Слични содржини