75
Хрватска ќе ги пренасочува мигрантите кои минуваат транзитно низ нејзина територија кон Словенија. Таквиот став е донесен по одлуката на Унгарија да ја затвори границата со Хрватска на полноќ, изјави хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ.
– Ние ќе го пренасочиме коридорот за мигрантите кон Словенија, изјави Остоиќ на прес конференција.
Во меѓувреме, Словенија почна со засилување на полициските сили на границата со Хрватска, наведе министерката за внатрешни работи Весна Ѓеркеш Жнидар по состанокот на владиниот Координациски совет за бегалци. Словенија преговара и со Хрватска за влезни точки за бегалците.