Хрватска: Починаа 45 лица, заразени над 1900 лица

од Берта Китинска
204 прегледи

Најнови податоци за ковид19 во земјата на поранешна Југославија!
Според Националниот штаб, во Хрватска има 1.973 новоинфицирани лица, додека 45 пациенти починале.

Ден претходно, во неделата, беа евидентирани 49 смртни случаи и 3.308 новоинфицирани лица, а од недела на полноќ во сила се нови построги мерки во обид да се потисне ширењето на инфекцијата.

Во Србија се регистрирани 4.995 нови инфекции и 31 смртни случаи во неделата, со рекорден број на пациенти на дишните патишта – 212. Член на Кризниот штаб, епидемиологот Предраг Кон, рече дека бројот на новозаболени е десет пати поголем, поради големиот број асимптоматски и неоткриени случаи.

 

 

Слични содржини