126
Во последните 24 часа евидентирани се 1350 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 7673, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Меѓу нив, 2654 пациенти се во болница, од кои 254 се на апарати за дишење. Починаа 56 лица.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска, регистрирани се 206.596 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 3.795 починале.
Вакцинирањето против корона е во тек во Хрватска, а хрватските власти најавуваат дека вакцината на „Модерна“ наскоро ќе пристигне во земјата.