Во јули имаше 3,7 милиони пристигнувања и 25 милиони ноќевања во Хрватска, објави Министерството за туризам и спорт во Загреб, и според овие податоци, пристигнувањата на гости се на ниво од 80 проценти од рекордната 2019 година, а ноќевањата на нивото од 81 процент., пренесува Хина.
Според првите податоци од системот „е-посетители“, кој го евидентира туристичкиот сообраќај остварен во комерцијални и некомерцијални објекти и наутички кластер, од вкупно 25 милиони ноќевања, 21,6 милиони се реализирани од странски туристи, а домашни од околу 3,3 милиони.
Така, во јули годинава имало 47 проценти повеќе пристигнувања и 33 проценти повеќе ноќевања отколку лани во истиот период.
Најмногу ноќевања се остварени во округот Истра-6,7 милиони, а на второ место се окрузите Сплит-Далмација и Приморје-Горски Котар со околу 4,7 милиони туристички ноќи.
Ровињ е водечка дестинација со 909.000 ноќевања, потоа Вир со 856.000 и Пореч со 734.000 ноќевања.
Најбројни се туристите од Германија – 4,4 милиони, потоа Словенците со 3,7 милиони ноќевања, Полјаците (2,4), Чесите (2) и Австријците со 1,9 милиони ноќевања.
Според изјавите на официјалните лица, Хрватска во моментов е на околу 63% од резултатите во споредба со рекордната 2019 година, а оптимистичките очекувања до крајот на сезоната се базираат на резервации и најави на гости за август во септември.