Хрватска: Регистрирани помалку од 3.000 новозаразени, 38 мртви

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се регистрирани 2.866 нови случаи на инфекција со коронавирус и 38 смртни случаи.

Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 17.090, објави Националниот штаб.

Меѓу нив, 1.655 пациенти се во болница, од кои 184 се на апарати за дишење.

Во моментов има 41.615 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 611.357 лица, од кои 9.614 во последните 24 часа, се вели во соопштението.

Вчера во Хрватска се регистрирани 3.056 нови случаи, а починале рекорден број пациенти – 43.

Слични содржини