Хрватска: Се одржа првата пилот-свадба, сите биле присутни освен младенците

од Nikola Popovski
234 прегледи

Синоќа се одржа втората пилот-свадба во голф клубот Риверсајд во Загреб – симулација на свадбена церемонија со околу 130 луѓе, пренесува „Индекс.хр“.

Во оваа симулација нема младоженец и невеста, но сите други елементи, од бендот „Права ствар“, до диџејот и вечера во неколку наврати, биле идентични како на вистинска свадбена церемонија. Забавата траела до раните утрински часови, а сè се спроведува во соработка со Централата и Институтот за јавно здравје.

За разлика од првата, три групи на луѓе учествуваа на овој настан – целосно вакцинирани, тестирани (ден претходно со ПЦР-тест) и луѓе кои прележале Ковид-19 во последните шест месеци. Исто како и првата група, гостите од свадбената церемонија ќе бидат тестирани една недела по настанот, а резултатите од двата теста се очекува да бидат објавени од Штабот за цивилна заштита во Хрватска.

Поволниот исход на двата теста, се надеваат организаторите, ќе биде чекор кон стариот нормален живот и можностите за отворање на угостителските и другите индустрии, истовремено почитувајќи ги одредените услови што ќе бидат дефинирани од страна на Хрватскиот штаб за цивилна заштита.

„После многу успешниот прв пилот проект одржан во четвртокот, на кој учествуваа повеќе од 80 луѓе, вечерва вториот пилот проект има за цел да покаже дека свадбените церемонии се безбедни. Независното здружение на угостители е многу гордо на реализацијата на овој проект, кој беше овозможено од Штабот за цивилна заштита и CNIPH и кои обезбедија максимална поддршка, за што им благодарам. Вечерва ова е симулација на вистинска венчавка само без невестата и младоженецот, но со богата вечера и настап на бенд“, изјавила Жаклина Троскот, претседател на Независното здружение на угостители.

Слични содржини