631
Во Хрватска денеска има дури 50 починати и 7.094 новозаболени со коронавирусот.
Бројот на активните случаи во Хрватска сега е 31.789. Меѓу нив 1.786 пациенти се на болничко лекување, од тоа на респиратори се 234 пациенти.
Од 25-ти февраури 2020 година, кога во Хрватска е потврден првиот случај на зараза со коронавирусот, до денеска се забележани 497.168 лица заразени со новиот коронавирус, а 9.450 пациенти починале. Во самоизолација сега се 30.256 луѓе.