Хрватска водителка ја лажирала сопствената смрт, па ги обвинила медиумите дека шират лажни вести

од Nikola Popovski
207 прегледи

Хрватската водителка Слаѓана Петрушиќ (40) ја измислила сопствената смрт. На нејзиниот Инстаграм се појави објава дека хрватската водителка починала, а веста брзо ја пренесоа бројни портали и медиуми од регионот.

Имено, по полемиката дека починала и тврдењето на нејзината сестра Драгана дека тоа е лага, се огласила и Слаѓана, која на својот Фејсбук објавила статус „Последното збогум“, а кога ќе кликнете на линкот , ве води до видео во кое таа официјално признава дека ја лажирала сопствената смрт.

Интересно е што на таа снимката ги обвинува медиумите за ширење непроверени информации, а токму веста за нејзината, сега веќе лажна смрт, беше објавена на нејзините профили на Инстаграм и Фејсбук, заедно со наводната објава на нејзиното семејство.

„Со тага соопштуваме дека синоќа нашата Слаѓа не остави и отиде во подобар свет. Ќе биде кремирана, а пепелта ќе се расфрла во шумата бидејќи шумата беше нејзин живот, со што ќе живее вечно“, беше објавено на Инстаграм.

Но, никој од нејзините блиски роднини и пријатели не знаел дека таа починала, па нејзината братучетка Драгана и стилистот кој работи со неа, Невен Цигановиќ, за хрватски „Индекс“ изјавиле дека тоа е лага, бидејќи таа уште претходно имала ситуации во кои измислувала здравствени проблеми.

Братучетката на Драгана изјавила и дека таа наводно ја блокирала Слаѓана откако и оставила порака под објавата дека починала.

Исто така, бројни медиуми објавија дека таа починала како последица на предизвик на ТикТок, поради кој наводно била хоспитализирана.

Слични содржини