Хрватска воведува данок на дополнителна добивка

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави воведување данок на дополнителна добивка во таа земја.

„Законот за дополнителен данок на доход го испраќаме на јавна расправа. Тоа значи дека оние кои имаат повеќе им помагаат на оние кои имаат помалку. Сметаме дека овој вид данок би бил солидарен придонес“, рече Пленковиќ на владиниот состанок, додавајќи дека „не се работи за казнување на оние кои се успешни“.

Министерот за финансии Марко Приморац на прес-конференција ги презентираше деталите од предложениот закон, наведувајќи дека данокот првенствено е наменет за прераспределба на добивката на даночните обврзници кои ќе остварат значително повисоки нивоа на добивка во однос на четиригодишниот просек.

Слични содржини