Хрватската полиција заплени 11 килограми хероин – уапсен 20-годишен Албанец

од Radmila Tasevska
184 прегледи

Хрватската полиција заплени 11 килограми хероин на границата со Србија на преминот Батина, а уапси државјанин на Албанија (20).

Уапсениот државјанин на Албанија е осомничен за производство и продажба на дрога како дел од злосторничко здружување и е во притвор, соопшти денес Осиек-Барањската полиција.

Куче ја намирисало дрогата, а полицијата ја нашла на поправениот простор под шофершајбната и ја запленила. Во 21 пакување биле спакувани вкупно 10.924 килограми хероин.

Слични содржини