Хрватскиот министер Вили Берош доби едномесечен притвор по сомнение за корупција

од Илинка Илиоска
21 прегледи

Сменетиот хрватски министер за здравство Вили Берош, кој вчера беше уапсен под сомнение за корупција, доби едномесечен притвор. Истиот период притвор е осуден и на претприемачот Саша Поздер.

УСКОК, откако спроведе независна истрага за вмешаност во набавката на преплатена болничка опрема, на истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб предложи Берош и Поздер да бидат притворени. Во истрагата биле вклучени и шефот на загрепската невролошка клиника КБЦ, Сестре милошрднице и член на управата на поликлиника во Загреб, Крешимир Ротим, но според УСКОК, за него не биле исполнети законските предуслови за предлагање мерка притвор. .

Берош вчера бил уапсен и сменет од министерската функција, а денеска во 10 часот се појавил во Жупанискиот суд во Загреб, на рочиштето за наредба за притвор, јавува Н1 Загреб.

Тој заедно со Поздер и Ротимо се товарат за набавка на преплатени медицински помагала, тргување со влијание, примање мито, поттикнување незаконски бизнис и давање мито, сето тоа како дел од злосторничко здружување.

При влегувањето во судот, Берош беше прашан од новинарите дали се чувствува виновен за она што го обвинуваат, на што тој одговори „не“.

Запрашан да ги коментира обвинувањата, рече дека ги смета за неосновани.

На прашањето дали ќе ја докаже неоснованоста на тие обвинувања, Берош рече: „Се надевам дека е така“.

Обвинителството на ЕУ (ЕЈО) води посебна истрага против Берош и уште седум други лица.

Расправата по барање на ЕЈО ќе се одржи во 13:00 часот.

Берош бил уапсен вчера рано наутро, кога полицијата упаднала во неговата куќа. Дури претходната вечер тој преговараше за прекин на штрајкот на медицинските работници. Ноќта од петокот кон саботата ја помина во полициски притвор.

Слични содржини