Вицепремиерот Борис Милошевиќ имал лесна треска и други симптоми на Ковид-19 во текот на утрото и решил да тестира присуство на коронавирус. Тестот се покажа позитивен, соопшти портпаролот на владата на Хрвтаска, цитиран од „Н1“.
„Вицепремиерот, кој се чувствува добро и има поблаги симптоми на болеста, ќе остане во изолација и ќе ги извршува своите должности од дома, следејќи ги сите упатства на лекарите и епидемиолозите“, додаде тој.
„Имајќи предвид дека г. Милошевиќ, како и другите членови на Владата, претходно беше вакциниран против КОВИД-19, ве потсетуваме дека ниту една вакцина не штити 100% од можноста за инфекција, вклучително и вакцините против КОВИД-19, односно во многу ретки случаи е утврдено присуството на КОВИД-19 кај луѓето кои веќе примиле вакцина“, се наведува.
Не ја намалува довербата во вакцините
„Сепак, ова во никој случај не ја намалува довербата во вакцините или важноста на вакцинацијата како клучен инструмент во борбата против пандемијата на коронавирус, имајќи предвид дека, според мислењето на професијата и Европската агенција за лекови, сите одобрени вакцини ефикасно штитат од сериозни болести и смртни случаи“, додаваат од Владата на Хрватска.
Од Н1 потсетуваат дека Милошевиќ примил две дози на вакцината „Фајзер“. Втората доза ја примил на 4 февруари.