Хрватските власти му забраниле на Вучиќ да го посети Јасеновац

од Vladimir Zorba
231 прегледи

На претседателот на Србија, Александар Вучиќ, хрватските власти му забранија приватно да го посети Јасеновац.

На Вучиќ му е забрането да положи цвеќе за жртвите од Јасеновац.

Министерот за надворешни работи на земјата, Никола Селаковиќ по овој повод во 11:00 часот ќе одржи вонредна прес-конференција.

Во логорот Јасеновац, според извештаите на независните комисии, биле убиени 700.000 Срби, Евреи и Роми, а логорот бил место на масовно страдање на жените и децата, пишува Новости.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во мај годинава изјави дека злосторството во усташкиот логор Јасеновац за време на Втората светска војна е најтешкото злосторство и нешто што никогаш не смееме да го заборавиме.

– Српскиот народ никогаш нема да биде толку мал и слаб како што би сакале другите да бидат. Србија никогаш не е доволно слаба, ако не е „претерано вооружена и премногу милитаризирана“ – изјави Вучиќ.

Слични содржини