Како што е добро познато, HTC скоро ќе промовира нов модел Desire. Излезе дека тајванците ќе издадат втор модел, кој ќе се вика Desire 12 Plus.
Според информации на сајтот Android Headlines, тој ќе нуди процесор Snapdragon 450 на 1,8 Ghz и ќе има 3 GB RAM меморија. Екранот пак ќе биде со дијагонала 5,99 инчи и ќе има резолуција 1440×720, што автоматски значи и сооднос 18: 9.
Desire 12 Plus ќе има 13 мегапикселна главна камера, а предната ќе има резолуција 8 мегапиксели и ќе биде специјално оптимизирана за слики при слаба осветленост. Меморијата за апликации ќе биде 32 GB, од кои околу 23,5 GB ќе бидат достапни за корисниците.
Интересно е дека уредот ќе поддржува Quick Charge 3.0, што ќе овозможува целосно полнење на 2.965 mAh батерија за 2 часа и 10 минути.
Според информациите, батеријата треба да обезбеди 26 часа во разговор, 74 часа репродукција на музика и 522 часа во мирување.
Се очекува дека двата модели на Desire ќе бидат објавени во наредните недели и ќе бидат достапни на пролет.