
Уште во јануари се појавија информации дека HTC работи на паметен телефон со поддршка на 5G мрежи, кој треба да се појави на пазарот во второто полугодие. Очигледно тајванската компанија е во релативно напредната фаза на развој, бидејќи нивен производ со код 2Q6U доби сертификација за Bluetooth компатибилност. Токму за таков телефон спомна претходно популарниот Еван Блас.
За жал податоците на сајтот на Bluetooth SIG не откриваат никакви дополнителни информации за хардверот, а во моментов само ги потврдуваат досегашните гласини за телефонот кој очигледно е факт.
Сертификација исто така покажува дека HTC можеби ќе се обидат да го пуштат моделот порано на пазарот, за да ја избегнат конкуренцијата при 5G уредите од сите поголеми производители, кои ќе се појават масовно на пазарот кон крајот на годината.