HTC ќе скрати 1.500 вработени во Тајван

од Vladimir Zorba
145 прегледи

HTC се ослободува од уште 1.500 работници од својот оддел за производство. Тајванската компанија презеде слична акција по вторпат. Идејата зад овие отпуштања е производителот да се опорави донекаде од последната половина година во која приходите не запираат да опаѓаат со секој изминат месец.

Со овие отпуштања, работниот тим на HTC се намали за 22 проценти. Тоа е ужасно многу, но се чини компанијата, или поточно луѓето кои работат за неа, треба да ја платат оваа висока цена во името на иднината на HTC.

Важно е да се напомене дека од овие 1.500 луѓе ниту еден (не дека HTC може да отпушта странски кадри) не е од оние 2.000 дизајнери кои преминаа во Google, кога софтверскиот гигант стекна дел од HTC за 1.1 милијарди долари во јануари месец.

Како да не беше доволно, еден месец подоцна тајванскиот производител го укина целото свое претставништво во САД. Целта на компанијата беше да ги собере на едно место својот смартфон и VR бизнис, за да им помогне на двете страни да си помагаат едни со други технолошки и да разменуваат кадри.

Ние разбираме дека неколкуте преостанати работници се обидуваат да ја заштитат компанијата од банкрот. Но, дали ќе има некој со кого да ја споделат оваа „успешна иднина“, на која се надеваат?