ХТЦ подготвува рестарт на стратегијата

од Vladimir Zorba
85 прегледи
Претстојниот мобилен конгрес во Барселона треба да биде особено важен за ХТЦ. Компанијата подготвува големата промена на производната стратегија и нејзиниот почеток ќе биде даден сега, иако првите производи од неа – на пример камерата „Ре“ веќе е на пазарот. HTC-LogoОд интервјуто на ЦНЕТ, со шефот на ХТЦ КриејтивЛабс, Дру Бамфорд станува јасно дека компанијата ќе се насочи кон 4 области – „поврзан живот“, кој ја вклучува камерата „Ре“ и други решенија за фотографија; „Поврзана личност“ – содржи уреди за здравје и друга електроника која се носи; „Поврзана забава“, што сугерира присуството на гејмерски производи; и „Поврзан дом“.
Според Џеф Гатис, шеф на маркетинг одделот Конектед Продуктс, целта е по 12 месеци луѓето да размислуваат за ХТЦ како за компанија која прави големи производи од потрошувачката електроника. Се разбира, смартфоните ќе продолжат да имаат важно место во портфолиото на компанијата, бидејќи тие ќебидат „спасувачкиот појас“ ако останатите производи не успеат да се наметнат.
На СМК 2015 компанијата ќе го претстави следното издание на смартфонот Уан, а освен тоа очекуваме и паметен часовник кој ќе ја интегрира фитнес платформата на Андер Армор. Не е исклучено прикажувањето и на изненадувачки производи за кои сеуште не сме слушнале ништо. Компанијата ќе продолжи да ги оделува апликациите како самостојни производи и да ги прави достапни за симнување и за други корисници на Андроид, па и ајОС.
Напорите на ХТЦ за реинкарнација и изнаоѓање на нови извори на приходи покажуваат колку конкурентен стана пазарот на мобилни телефони. Компанијата не може да одвои милијарди долари за маркетинг, кои секоја година ги трошат гиганти како Епл и Самсунг, а тоа за возврат доведува до занемарување на нејзините производи од потрошувачите.