HTC работи на евтин уред со кодно име Breeze

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Како што е познато, HTC нема да претстави нов предводник во текот на мобилниот конгрес во Барселона, а неодамна тајванската компанија го финализираше договорот за продажба на дел од својот бизнис на Google.

Сепак HTC напорно работи на нови уреди, а според Еван Блас, кој често ни обезбедува однапред детали за нови уреди, компанијата подготвува нов евтин смартфон.

Информациите откриваат дека станува збор за телефон со 5,5-инчен дисплеј и кодно име Breeze. Екранот на уредот ќе биде со сооднос 18:9, а освен тоа тој ќе биде опремен со процесор на MediaTek, 2 GB RAM меморија, 16 GB меморија за апликации, камери со резолуција 13 и 5 мегапиксели, како и батерија со капацитет 2730 mAh.

Во моментов не е јасно кога Breeze ќе биде официјално претставен, ниту пак каква ќе биде неговата продажна цена, но предвид овој хардвер, таа најверојатно нема да биде многу висока.

Слични содржини