ХТЦ: Самсунг се интересира само од профит

од Vladimir Zorba
72 прегледи
Тајванската компанија ХТЦ го критикуваше својот конкурент Самсунг со обвинението дека тој е заинтересиран единствено за заработка.htc-one-mini-2-en_GB-phone-listing
Острите зборови се на шефот на маркетинг во ХТЦ, Идрис Муте, кој признава дека Самсунг е „огромен бренд и корпорација“, но додава дека таа „не е поврзана со ништо друго освен со профитот“.
Од друга страна, Муте се изјаснува далеку поласкаво за американскиот конкурент Епл и најмногу за маркетинг силата што компанијата ја има.
– Мислам дека Епл имаат доста голем успех – не само успех, туку навистина одличен успех, што се однесува до тоа како успеале да создадат однос помеѓу корисниците и нивните електронски производи, вели Муте.
– Тие претставуваат нешто навистина големо, поголемо од само еден бренд.
Претставникот на ХТЦ ја прокоментира и кинеската Ксиаоми, но не признава дека таа може да се гледа како конкурент.
– Многу луѓе зборуваат за Ксиаоми, но таа всушност не ни е конкурент. Не мислам дека тие воопшто можат да успеат во САД поради еден куп причини. Освен тоа, нивниот бизнис модел е многу краток, додава маркетинг шефот на ХТЦ.