Huawei ги покажа P30 и P30 Pro на својот сајт

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Само неколку дена остануваат до објавувањето на новите Huawei P30 и P30 Pro, а на крајот на оваа недела, компанијата одлучи да ни даде да „ѕирнеме“ зад завесата откако објави некои детали за своите нови предводници.

Новите фотографии и описи на веб-сајтот на Huawei потврдуваат многу гласини кои циркулираат во последно време, имено, дека новите модели ќе имаат четири прилично моќни камери.

Главната камера ќе биде 40 мегапиксели, чија леќа ќе овозможува 10x зумирање, сензор со широк агол на снимање и „time-of-flight“ камера за 3D препознавање на средината.

Во материјалите на Huawei, исто така, гледаме „dual-view“ режим за снимање, но нема никаква референца за тоа како функционира. Она што го гледаме од фотографиите е дека веројатно ќе можеме да користиме две од камерите во исто време.

Ќе можеме да ги активираме широкоаголните леќи и објективот за зумирање, што ќе ни даде подобра контрола врз снимањето на мали објекти во далечина.

Во секој случај, ние ќе можеме да ги дознаеме останатите деталите утре, 26 март, кога ќе има официјална презентација на телефоните.