Huawei го објави најбрзиот ARM процесор за сервери

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Huawei откри детали за новиот Kunpeng 920 процесор базиран на ARM архитектурата. Според компанијата, ова е најпродуктивниот ARM-базиран процесор.

Kunpeng 920 процесорот е дизајниран за употреба во сервери, компјутерски центри за обработка на големи количини на податоци и складишта на податоци, соопшти компанијата.

Развиен од инженерите на Huawei и со лиценцирана архитектура ARMv8 архитектура, чипот ќе се произведува по 7-nm процес. Процесорот има 64 јадра кои работат на фреквенција од 2,6GHz и 8-канален DDR4 мемориски контролер. Обезбедени се уште два 100G RoCE порти (RDMA over Converged Ethernet), PCIe 4.0 и CCIX интерфејси.

Во SPECint тестот, новиот процесор го надминува за 25% најдобриот резултат во индустријата. Во однос на енергетската ефикасност, чипот е 30% подобар а при пропусниот опсег на меморискиот потсистем – за 46%.

Во меѓувреме, Huawei објави три TaiShan сервери базирани на нови процесори.

Компанијата исто така го нагласи партнерството со индустриски организации како Green Computing Consortium (GCC), Linaro и Open Edge and HPC Initiative (OEHI), како и со ИТ гиганти како Microsoft, Oracle и SAP за создавање на отворен екосистем од хардверски и софтверски решенија.