Кинеската компанија Huawei денеска објави дека на меѓународните пазари го лансираше својот уникатен телефон на преклопување Mate XT по почетна цена од 3.500 евра.
Huawei допрва треба да објави во кои земји моделот ќе биде достапен, но компанијата им порача на корисниците да обрнат внимание на локалните обави, пренесува CNBC.
Станува збор за уред со три преклопни површини (тројно преклопување) кои се превиткуваат со помош на два преклопи, што е уникатно во споредба со светската конкуренција, која моментално може да понуди само телефони на преклопување со две површини на преклопување.
Кога е целосно преклопен, Mate XT има форма на класичен телефон со екран со редовна големина и дијагонала од 6,4 инчи. По „расплетувањето“, екранот има речиси квадратна форма и има дијагонала од 7,9 инчи.
Третата варијанта со целосно расклопен екран наликува на помал таблет со дијагонала од 10,2 инчи.
Huawei е под американски санкции и нема пристап до оперативниот систем Android на Google, па нуди сопствена продавница за апликации во која недостасуваат некои атрактивни функции.
Ова може да претставува проблем за богатите купувачи на странските пазари, додава американскиот медиум.