Huawei ќе го претстави Mate X2 на крајот на февруари

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Huawei ги претстави своите претходни два телефони со флексибилен екран Mate X во февруари. Според изворите, Mate X2 ќе биде објавен во истиот временски период.

Извор на мрежата Weibo објави дека флексибилниот телефон ќе биде претставен наскоро, со подобрен дизајн, чипсет 5nm и „нова импресивна технологија“.

Mate X2 најверојатно ќе работи со чипсет 5nm – Kirin 9000. Телефонот веќе има добиено сертификација TENAA, која открива 8-инчен екран. Се очекува форматот да се смени – од свиткување нанадвор кон свиткување навнатре.

Повеќе детали ќе дознаеме на крајот на февруари, кога се очекува да биде објавен телефонот Huawei Mate X2.

Слични содржини