
И покрај санкциите во САД, Huawei продолжува да работи на мрежите од петтата генерација. Кинеската компанија дури во последните неколку дена отвори 5G лабораторија во Република Кореја, но го направи тоа без многу врева, иако во објектот во Сеул се инвестирани околу 5 милиони долари. Сепак, Huawei одлучи да не открие каде е инсталацијата и на отворањето не ги покани медиумите.
Само локалното претставништво објави соопштение за медиумите во кое се наведува дека голем број корејски компании исто така се вклучени во проектот. Најверојатната причина за необичниот потег е желбата на Huawei да не ги става своите партнери во непријатна ситуација во поглед на специјалните односи меѓу Република Кореја и САД и тековните спорови околу наметнатите од администрацијата на Доналд Трамп санкции.
Првите 5G мрежи во Кореја стартуваа во април и земјата е меѓу водечките во развојот и воведувањето на новата технологија.