Кинескиот регулатор TENAA откри први детали за Huawei P30 lite.

Од информациите, станува јасно дека смартфонот, кој најверојатно ќе биде претставен заедно со
другите модели од серијата P30 на 26 март, ќе нуди 6.15-инчен FHD + дисплеј.
Меѓу останатите спецификации во TENAA откриваме батерија со капацитет 3240 mAh и поддршка
на брзо полнење. Димензиите на уредот се 152.9 x 72.7 x 7.4 mm.
P30 lite ќе биде опремен со тројна камера која, според гласините, ќе има резолуција од 20 + 16 + 2
мегапиксели, а употребениот чипсет речиси сигурно ќе биде Kirin 710.
Во однос на предната камера, таа ќе биде во форма на капка, поставена на врвот во самиот
дисплеј.