Huawei почна да се фокусира на нашиот однос со смартфоните (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Најновата социјална кампања на Huawei, која започнува малку пред 14 февруари, го носи името #AddictedToYou и има за цел да го сврти вниманието кон градење на позитивни врски со најважните за нас луѓе и кон улогата на смартфонот во денешниот технолошки свет.
Иницијативата се одвива во Централна и Источна Европа, како и во скандинавскиот регион. Дел од неа е и студија во 12 држави од регионот на кампањата што цели да утврди како луѓето ги користат смартфоните, кога ги изразуваат своите чувства, како и колку значајно место во нивниот живот, заземаат овие уреди.

Истражувањето „Smart(phones) Relationships“ го спроведе ИПСОС во 12 земји (Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Грција, Унгарија, Полска, Романија, Србија, Словенија и Турција) и недвосмислено покажува дека смартфоните се важен елемент на модерниот живот.

Многу испитаници велат дека ги носат своите телефони насекаде, но мнозинството се согласуваат дека нашите најблиски се многу поважни од технологијата. Оваа порака е во срцето на кампањата на Huawei, која ја признава важноста на паметните телефони во нашиот секојдневен живот и во исто време сака да ги поттикне потрошувачите да трошат повеќе време заедно.

Кампањата е нешто како логично продолжување на божикната #BePresent кампања во 2016 година, која ги охрабри луѓето да ги исклучат своите телефони и да бидат со своите пријатели и семејство за време на празниците. Дел од иницијативата е видео кое ги следи извадоците од приказната за девојка, која е фокусирана на паметен телефон.

https://www.youtube.com/watch?v=QbTavyewCQw

Слични содржини