Русија има намера да покори вселената со помош на големите андроиди, информира Huffington Post. Економските тешкотии го принудуваат Кремљ секоја година да ги намалува трошоците за летови во вселената, но тие не се во состојба да ја принудат Москва сосема да го прекине испитувањето на Марс и на месечината .Факт е сепак, дека минатиот месец Владимир Путин ги ликвидира парите за Федералната вселенска агенција и се откажа од голем број проекти, вклучувајќи летовите до Марс и Месечината.
Летот до Марс, кој ветува дека ќе стане следниот џиновска чекор за целото човештво, може да стане мал чекор не за човекот, туку за андроиди. Не е така амбициозно, но е пореално.
Ова е визијата на руската компанија “Андроид техника”, финансирана од државата. Оттаму беше најавено дека сега се работи на создавање на “робот-аватар” – антропоморфен робот систем (АРТС), коа во перспектива може да го замени човекот во “потенцијално опасни мисии”, на пример до Марс или на Месечината, објави Huffington Post.
На каменолом откриени гробишта на диносауруси
Рускиот изум ќе претставува нов тип робот кој е способен благодарение на присуството на раце, да ја користи традиционалната опрема на космонаутите при изградба на вселенски станици.
