Хуманост без граници: Најстариот донатор на органи на светот

од Vladimir Zorba
66 прегледи

 

 

Жена чија рожница по нејзината смрт во 108 година е трансплантирана на една девојка, стана најстаро лице на светот кое ги донирало своите органи.organdonor-heart-1200-30333atl0rer99mc9uwzy8

Жената, чие име не е познато во јавноста, спасила вид на девојка на која и била неопходна трансплантација на рожница.

Лесли Хоган од американската Национална здравствена организација за трансплантација на крв и органи открива дека донирањето на органи нагло пораснало по емитувањето на ТВ рекламите кои пропагираат спасување на живот на овој начин.

– Компанијата која се бави со поттик на луѓето на донирање органи по смртта, освен јакнење на свеста кај што поголем број на луѓе, има за цел да го урне верувањето дека староста е пречка за донирање. Бубрезите се најпотребни органи во светот, поради високиот процент на луѓе заболени од дијабетис, вели Хоган.

Гинисовата книга на рекорди нема категорија за најстари донатори, но истражувачите во Лондон водат евиденција за рекорди во многу категории.

Тие бележат дека во 2008 година Англичанката Ерика Хендерсон (74) донирала матични клетки за лекување на нејзинот помлад брат, Пол Халвес, кој имал леукемија. Последната информација за тоа донирање е од 2012 година, кога е утврдено дека Халвес живее нормално, а трагите на болеста исчезнуваат.

– Потпишувањето на документ за донација ги обврзува лекарите да ја проверат состојбата на телото и органите, без оглед на староста на лицето кое починало, вели Хоган.

Рожниците се поуспешно се трансплантираат, бидејќи науката се повеќе напредува. Прва ваква трансплантација е направена уште на 7 декември 1905 година во Чешка. Трансплантацијата може да се изврши само во рок од 24 часа по смртта на донаторот.

Најновите податоци покажуваат дека околу 480 луѓе во Велика Британија починале минатата година очекувајќи трансплантација.

Во САД трансплантација чекаат над 120.000 луѓе, а статистиката покажува дека секој ден по 22 лица починуваа чекајќи на донатор. Во просек, на секои 10 минути ново лице се додава на листата на чекање.

Како е во Србија?

Првата трансплантација на бубрег во Србија е извршена пред околу 30 години, кога група млади лекари на Уролошката клиника основале Центар за трансплантација на бубрези.

Од 1980 година до денес во Србија се извршени 650 трансплантации на бубрези, од тие 485 од жив сроден донатор, а само 165 од кадаверичен. Во Србија досегашниот просечен број на кадаверични донатори е 11 годишно.0a97e9aede3ae779c94583f1759d3d4a

Експертите за трансплантација потенцираат дека годишно во Србија треба да се вршат од 400 до 500 трансплантации на бубрези, 100 до 150 на слезина и околу 20 до 30 на срце. Толкави се потребите. За да се воспостави редовна програма за пресадување на органи, на Србија и се потребни околу 2.000.000 потенцијални донатори.