Боро Стаиќ е момче на 26 годишна возраст. Поради повреда од негова 18-та година е парализиран од вратот надолу, сите четири екстремитети (квадиплегија). Во моментов се наоѓа во болница каде е хоспитализиран поради Ковид-19.
Тој неможе сам да се искашла и при такви ситуации се гуши. Затоа му е итно потребен апарат кој го викаат “машина која живот спасува” со која неговите родители ке можат да му помогнат во случај на гушење.
Тој апарат е машина за асистирано искашлување која доведува воздух во белите дробови и го исфрла брзо назад за да се исчисти секретот од дишните патишта. Ве молиме да помогнеме на Боро за неговите родители да можат да го набават апаратот и одредени додатни потрошни делови за истиот.
Повикот го упатија од семејството на Стаиќ, а со Боро во болница заразени се и хоспитализирани и неговите родители.
За помош на Боро е отворена и интернет gofund страница https://www.gofundme.com/f/lets-turn-suffering-into-hope-for-bozo за да може да го купи апаратот кој ќе му помогне во закрепнувањето.