Хумелс со ултиматум до газдите на Борусија: „Или јас или Терзиќ!“

од Vladimir Zorba
3,2K прегледи

Договорот на Матс Хумелс со Борусија (Дортмунд) истекува, а централниот дефанзивец поставил доста интересен услов под кој ќе го обнови, пренесува Sky Sport Germany.

Дефанзивецот ќе остане на „Сигнал Идуна Парк“ само доколку од следната сезона тренер на „жолто-црните“ не биде Един Терзиќ.

Односите меѓу Терзиќ и Хумелс се затегнати, а 35-годишниот дефанзивец во неколку наврати го доведе во прашање тактичкото знаење на германскиот тренер.

Матс Хумелс во интервју за „SportBild“ јавно го критикуваше Един Терзиќ пред финалето на Лигата на шампионите, кое Германците го загубија со 0:2 од Реал Мадрид.

Во Германија, пак, тврдат дека Терзиќ и следната сезона ќе остане во Борусија. Тој има договор со клубот до следното лето и управата дури размислува за продолжување.

Преговорите за нов договор со Един Терзиќ се уште не се започнати, а тоа се очекува да се случи во првата половина од следната сезона.

Доколку Матс Хумелс ја напушти Борусија (Дортмунд), кариерата нема да ја продолжи во МЛС или Саудиска Арабија бидејќи негова желба е да остане во европскиот фудбал.

Слични содржини