401
Актерката Маријам Узерли, која се прослави играјќи ја Хурем, се наоѓа во деветиот месец од бременоста.
За време на бременоста направила и едиторијал, каде позира во црвен фустан, а нејзиниот труднички стомак се појавува во прв план.
Фановите беа воодушевени и напишаа дека Хурем изгледа одлично.
Маријам Узерли веќе ја има ќерката Лара.
– Ако сè биде добро, ќе родам девојче во јануари. Лара долго сакаше брат или сестра, пресреќна сум што нејзината желба наскоро ќе се оствари- изјави Хурем за турските медиуми во септември, но не сакаше да го открие името на нејзиниот партнер.