“Хуриет”: Рамазан Бајрам во услови на Турција – Масакр на патиштата, над 50 загинати и 273-ца повредени

од desk3

Оваа година првите два дена од Рамазан Бајрами во Турција патиштата во земјата повторно се претворија во вистинско море од крв, објавува електронското издание на весникот “Хуриет”. Од петокот вечер до неделата вечер се случија  61 тешки сообраќајни несреќи со над 50  загинати и 273-ца повредени. Најмногу жртви има во сообраќајна несреќа во провинцијата Караман – цело семејство; четири лица, вклучувајќи едно мало дете. Во друга несреќа во провинцијата Хатај загинатите се исто така  четворица, а во несреќа во провинцијата Адиаман жртвите се тројца, објавува  весникот.

Слични содржини