Седмиот носител на овогодинешниот Вимблдон и минатогодишен полуфиналист во „Ол Ингланд клубот“, полскиот тенисер Хуберт Хуркач одлучил да донира по 100 долари за секој ас што ќе го заработи на овогодинешниот турнир за да и помогне на Украина, пренесе Ројтерс.
Хуркач е еден од најдобрите сервери на турнејата, тој веќе забележа 452 сервиси оваа година, а повеќе од него запишаа само Американците Џон Иснер и Рајли Опелка.
Турнирот на „Вимблдон“, еден од четирите Гренд слем турнири, започна во понеделникот без присуство на руски и белоруски играчи поради инвазијата на Украина, што предизвика негодување кај другите тенисери.
Забраната ја осудија сите најдобри играчи во светот, вклучувајќи ги Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.