Компанијата за брзи товари Hyperloop One ќе згасне откако не успеа да добие никаков договор за изградба на функционален хиперлуп, објави Bloomberg, повикувајќи се на добро информирани извори.
Компанијата со седиште во Лос Анџелес, која во 2020 година го заврши првото патничко возење во светот засновано на супер-брзински систем со капсули, ќе го продаде преостанатиот имот, а вработените ќе престанат да работат на 31 декември.
Во системот хиперлуп, кој користи магнетна левитација, патувањето помеѓу Њујорк и Вашингтон би траело само 30 минути, што е двојно побрзо од лет со комерцијален авион и четири пати побрзо од воз со голема брзина.
Елон Маск повторно го разгоре интересот за технологијата во 2013 година. Неговата компанија за градење тунели, The Boring Company, има за цел да испрати патници обвиткани во капсули преку меѓуградски систем од џиновски подземни вакуумски цевки познат како Hyperloop.
Hyperloop One е основана во 2014 година и има собрано повеќе од 400 милиони долари, главно од емиратската бродска компанија DP World и британскиот милијардер Ричард Бренсон.