274
Јужнокорејскиот гигант Hyundai Motor Group и Кралството Саудиска Арабија постигнаа договор за заеднички проект во автомобилската индустрија, објави Министерството за индустрија на Саудиска Арабија преку Твитер.
Двете страни потпишаа Меморандум за разбирање кој предвидува развој на автомобилската индустрија во Саудиска Арабија, пишува „Јонхап“.
Во ноември, претседателот на Јужна Кореја, Џон Сук Јеол, се сретна со принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман, во Сеул, додава агенцијата.
На средбата беше постигнат начелен договор за билатерална соработка во повеќе области од економијата, за инфраструктурни проекти и во енергетскиот сектор.