Hyundai не се откажува од суперавтомобилите

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Во септември минатата година, Алберт Бирман, поранешниот шеф на N дивизијата на Hyundai, откри дека јужнокорејскиот производител на автомобили работи на суперавтомобил со централно поставен мотор.

Сепак, директорот подоцна изјави дека автомобилот нема да биде пуштен во производство. И покрај таа изјава, сепак, се уште има надеж да го видиме.

Имено, на канадскиот меѓународен автосалон во 2023 година, директорот за дизајн на Hyundai, Хак Соо Ха, посочи дека судбината на автомобилот сè уште не е запечатена. Тој истакна дека новиот суперавтомобил Hyundai се уште постои во плановите на компанијата, пренесе „Јутарњи“.

„Студијата сè уште се прави. Но, во кој момент ќе ја направиме економски исплатлива, или ќе започнеме со планирање на производот, или на која платформа ќе го пласираме, каков погонски агрегат ќе користиме, сето тоа се уште се непознати“, рече Со. Ах.

Хак Соо Ха додаде дека започнале внатрешни напори за решавање на покренатите прашања. Сепак, дизајнерот одби да даде дополнителни информации за автомобилот.

Според претходните изјави на Бирман, автомобилот за Hyundai ќе биде исто како што беше NSX за Honda/Acura. Иако конечната одлука за погонската група не е донесена, Бирман изјави дека се размислува за внатрешно согорување, хибриден погон или систем на водородни горивни ќелии.

Бирман го нарече возилото „Chairman‘s Car“ и посочи дека неговата висока цена (над 150.000 долари) ќе биде главен фактор во одлуката да не се продолжи со проектот. Сепак, тој исто така истакна дека возилото е дизајнирано да седи на рамка од карбонски влакна и дека користењето на помалку егзотична платформа потенцијално може да ги намали трошоците.

Сепак, според Хак Соо Ха, достапноста останува една од пречките со кои се соочува автомобилот, па затоа суперавтомобилот на Hyundai, иако е сè уште возможен, е сè само не сигурен.

Слични содржини