397
Популарната Џеј Ло ја освојува публиката со својот атрактивен изглед во шестата деценија. Важи за една од најубавите жени во светот.
Многумина коментираат дека популарната пејачка и актерка не старее, и дека секоја година е се поубава.
Покрај нејзината волшебна харизма, Џенифер одржува и витка линија на која би ѝ позавиделе многу нејзини помлади колешки.
Сепак, без разлика на нејзината добра форма, и Џеј Ло одлучи „дополнително да се разубави“.
Како што забележале нејзините следбеници, таа ја коригирала својата фигура во фотошоп, ја истенчила половината, го намалила задникот и дополнително ги издолжила нозете.