И Албанија ја одобри „Спутник V“

од Vladimir Zorba
323 прегледи

Министерството за здравство и социјална поддршка на Албанија ја регистрираше руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, објави рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ).

Првата група руски вакцини е веќе доставена во Албанија, беше прецизирано во соопштението.

„Голем број земји во Европа веќе успешно ја користат „Спутник V“ за заштита на здравјето на граѓаните, а денес објавуваме дека и Албанија им се придружи. Одобрувањето на руската вакцина во Албанија ќе им овозможи на населението во земјата да добие пристап до една од најдобрите вакцини против коронавирусот во светот. Побарувачката за вакцината „Спутник V“ продолжува да расте, РФПИ е подготвена за партнерства по прашањето на вакцината и со други земји“, рече шефот на РФПИ, Кирил Дмитријев.

Претходно денеска и Турција го одобри користењето на „Спутник V“ во итни случаи.

Руската вакцина досега е одобрена од регулаторите на 64 земји со вкупно население од над 3,2 милијарди луѓе. Според бројот на одобренија добиени од државните регулатори, руската вакцина е на второ место во светот.

Истражувањето по вакцинацијата спроведено во неколку земји покажува дека „Спутник V“ е најбезбедна и најефикасна вакцина против коронавирусот, додава РФПИ.

Ефикасноста на вакцината е 97,6 проценти врз основа на анализата на податоците за 3,8 милиони вакцинирани руски граѓани, што е повеќе од податоците објавени претходно од медицинското списание „Лансет“ (91,6 проценти), сподели рускиот фонд за директни инвестиции и истражувачкиот центар „Гамалеј“.

Слични содржини