Серија голи фотографии ја откри убавината на интимноста на буцмастите парови
Фотографот се обидува да ја смени перцепцијата за убавина, кога станува збор за љубов, со серија од голи слики на двојки со различни големини, бои на кожата и убедувања. Проектот Adipositivity на седиште во Њујорк уметникот Себстанша Џонс (Substantia Jones) цели да покаже дека љубовта нема специфична форма, но секогаш е убава. 
Нејзината последна серија на фотографии, во чест на неодамнешниот ден на вљубените, вклучува парови од различни раси, димензии како и луѓе од ЛГБТ заедницата, кои се заедно во различни интимни моменти и различни степени на голотија. “Треба сами да се направите забележливи. Непросветените сметаат дека дебелите луѓе не заслужуваат да бидат сакани, да имаат долготрајни романтични врски. Ние им кажуваме: оди еби си. Визуелното влијание на самите нас во нашата околина е од витално значење за нашата среќа и самодоверба “, вели фотографка пред Mashable.