324
Ново рочиште за денес закажано во Кривичниот суд, врзано за „Организаторите на 27. април“. Како што е познато, во текот на изминатото рочиште за овој предмет кој се наоѓа во доказна постапка, сведочеше Марко Зврлевски, сведок предложен од одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски, инаку екс директор во УБК.
Во рамки на овој предмет, обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Според обвинителниот акт за овој предмет тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.