За невообичаено високо ниво на сексуални напади на новогодишната ноќ во Хелсинки пријави и финската полиција. Полицијата утврдила манифестации на сексуална злоупотреба на еден од централните плоштади на Хелсинки, каде речиси 20 000 ја празнувале новогодишната ноќ.

Регистрирани се три случаи на сексуален напад, за два од кои се прифака жалби на најголемата станица на Хелсинки, каде се собрале околу 1.000 мигранти, повеќето од нив Ирачани. Приведени се тројца мигранти. Од полицијата велат дека такви случаи на сексуална злоупотреба немало никогаш во Хелсинки.
(ВИДЕО) Жени од Келн раскажуваат за силувањата и нападите на Нова Година
Полицијата во германскиот град Келн вчера соопшти дека се идентификувани 16 осомничени, повеќето од нив од Северна Африка, и дека се запиашни 121 жалби по сексуалните напади над жени во новогодишната ноќ. Сексуални напади во новогодишната ноќ се основани и во швајцарскиот град Цирих и австрискиот Салцбург. / АФП