И Франција прогласи прекин на преговорите за трговскиот договор со САД

од Vladimir Zorba
92 прегледи

zx450y250_2819406

Францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека преговорите за трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (TTIP) се во ќорсокак и шансите за потпишување до крајот на годината се мали, пренесе “Ројтерс”.

Во говорот пред француските амбасадори шефот на државата глава истакна дека нема да го поддржи потпишувањето на договорот пред крајот на мандатот на американскиот претседател Барак Обама, во јануари 2017 година.

Претходно денеска и францускиот министер за трговија, рече дека преговорите треба да престанат и разговорите да започнат од нула, откако од Берлин се слушнаа гласови за истото.

Матијас Фекл објасни дека од името на Франција ќе побара прекин на преговорите за TTIP на престојниот самит на ЕУ (16 септември) во Братислава.

Слично мислење изрази и италијанскиот министер за трговија Карло Календа. Тој објасни дека договорот е важен за Италија, но преговорите ќе бидат одложени повеќе од предвиденото.

Во неделата германскиот заменик-канцелар и министер за економија Зигмар Габриел изјави дека практично преговорите за договорот престанаа, откако ЕУ одби да исполни некои од барањата на САД.

Габриел е претседател на коалициониот партнер на Ангела Меркел – Социјалдемократската партија. Многумина претставници на партијата доживуваат сериозни резерви за TTIP, но Меркел ги поддржува преговорите.

Во понеделникот нејзиниот портпарол истакна дека разговорите треба да продолжат, но денес германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер (исто социјалдемократ) истакна дека двете страни се премногу далеку од постигнување на согласност за стандардите и постапките утврдени во договорот.

Реториката на Фекл и Габриел илустрираат добро разлики во ставовите на двете најголеми економии на ЕУ, како и во официјалната позиција на Европската комисија (ЕК) и претставникот на САД за трговски прашања Мајкл Фром.

По три години преговори се уште не можат да се дојде до компромис за голем број на разлики во ставовите, вклучувајќи за стандардите за безбедност на храната и животната средина. Сепак портпаролот на Фројман изјави за “Шпигел” дека “преговорите одбележуваат стабилен напредок”.

Оваа недела од Белата куќа соопштија дека целта им е да се финализира договорот до крајот на годината – пред истекот на вториот мандат на претседателот Барак Обама.

Од ЕК, исто така се обидуваат да го задржат позитивниот дух. Во понеделникот портпаролот на комисијата Маргаритис Схинас објави дека иако преговорите одат бавно, има значтелен напредок по TTIP.

Според приврзаниците на договорот ќе донесе економска корист во износ од над 100 милијарди долари и за двете страни. Критичарите истакнуваат дека договорот дава премногу овластувања на транснационалните компании за сметка на крајните корисници и вработените.

Париз се закани дека ќе ги престане преговорите уште пред неколку месеци, но имајчи ги во предвид претстојните избори во Германија и Франција во 2017 година експертите прогнозираа дека ова лето е најсоодветно време за финализирање на договорот.