И Германија влегува во војната: Испраќа војници на сирискиот фронт

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Ако парламентот го поддржа предлогот, тоа ќе биде најголемата воена мисија на земјата зад граница

german vojska

1200 германски војници можат да бидат префрлени во Сирија во војната против терористите од “Исламска држава”. Ова може да се случи во најблискo време, јави Die Welt, повикувајќи се на генералниот инспектор на германските вооружени сили, генерал Фолкер Викер.

Високиот офицер смета дека таква бројност на војниците е доволна за да се сервисираат авијацијата и флота во Сирија.Прашањето за трансферот на германските војници во арапската земја ќе биде разгледан во парламентот следната недела. Во случај владата  да поддржи испраќањето на војбици, во Сирија, тоа ќе сбиде  најголемата воена мисија на Германија зад граница. Според експертите парламентот ќе го одобри предлогот, бидејќи порано канцеларката Ангела Меркел за време на средбата со францускиот колега Франсоа Оланд изјави дека Германија е целосно подготвена да ги поддржи партнерите од НАТО во борбата против “Исламска држава”. Уште тогаш беше најавено дека Германија ќе испрати во Сирија авиони-разузнавачи Tornadо, беспилотни летала и авион-цистерна. Експертите се придржуваат кон мислењето дека активноста на Германија е поврзана исклучиво со идејата да биде запрен бегалски поток кон Европа, а исто така да не и биде дозволено на Русија да стане лидер во борбата против терористите од “Исламска држава”