Со оглед на се уште актуелната пандемиска слика на глобално ниво, во Струмица и оваа година нема да организира голема манифестација за Карневалот.
Имено, тоа опфаќа дека на карневалската вечер нема да може да има дефиле со групи, а истиот требаше да се оддржи на 13. овој месец, посочија од Организацискиот одбор, но најавија дека планирани се помали собири врзани за карневалот.
„Струмичкиот карневал 2021 годинава ќе се одржи од 11 до 17 март, но без традиционалната карневалска поворка, маскенбал, детски карневал и маскирања во различни креации. Со почитување на протоколите за јавни настани во време на пандемија, планираме да се одржи изложба на карикатури, промоција на монографија, Чист понеделник со делење на посен грав на плоштадот, изведување на традиционалниот Тримерски обичај, предавање на клучот од градот на карневалистите и слично“, велат од Одборот.
Програмата со активностите и местата на одржување на настаните од 11 до 17 март ќе бидат објавени пред почетокот на карневалската недела во Струмица.