231
Во првиот квартал од 2021 година, Канада ќе добие само 3,5 милиони дози од вакцината Фајзер против коронавирусот, а не четири милиони колку што очекуваше, пренесува „Глобал њуз“.
Иако Фајзер веќе ги намали испораките за Канада по забавувањето на производството во Европа на почетокот на јануари, Канада во неколку наврати изјави дека очекува ова да се надополни до крајот на март.
Федералното Министерство за набавки и Фајзер не беа достапни за коментар, пренесува Ројтерс.