И коалиционите партнери на Груевски ДС и ДОМ бараат смена на Зврлевски

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Откако едниот коалиционен партнер Демократскиот Сојуз и Павле Трајанов, побара парламентот да расправа за прислушуваниот материјал на СДСМ, заради уривање на беебзносниот систем и тврдењата за вмешаност во организиран криминал на власта, активирање на комисијата за контрола на УБК ,која ја води опозицијата и транспарентност на судскиот процес со директна прозивка на јавниот обвинител Марко Зврлевски, сега и вториот колиционен партнер на Груевски испорачува барање преку јавноста.

лиле поповска

Претседателката на ДОМ, Лиљана Поповска во емисијата 360 на Алсат – М го повтори ставот дека треба да се разреши Јавниот обвинител Марко Зврлески. Според неа во Македонија има кадар, има способни луѓе кои можат да го завземат неговото место.

Поповска во оваа прилика ги спомна имињата на претседателката на Транспаренси Интернешнал, Слаѓана Тасева, потоа поранешната претседателка на ДИК, Мирјана Трајковска и поранешната пратеничка Цветанка Иванова, кои според неа се вистински префесионалци кои можат достојно да одговорат на ова задача.